За уставните амандмани ќе се гласа на Пленарна седница на 1 декември

Со девет гласа “за“, пет “против“ и ниту еден “воздржан“ вчера Собраниската Комисија за уставни прашања го поддржа четвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Преспа. Со усвојување на последниот амандман Комисијата ја заврши расправата по четирите предложени нацрт-амандмани.
Расправата по амандманите во Комисијата почна на 7 ноември и беше предвидено да трае 12 дена. Пленарната седница на која треба да се разгледаат нацрт-амандманите е закажана за 1 декември. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас. По усвојувањето на амандманите во Собранието ќе биде организирана јавна дискусија, по што Владата ги изготвува предлог-амандманите и повторно ги доставува до Собранието кое треба да ги донесе со двотретинско мнозинство или за нив ќе треба да гласаат најмалку 80 пратеници. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, потребно е и Бадентерово мнозинство.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.