За шетање без маица во Будва казна од 500 евра, за шетање по костим за капење 600 евра

Општина Будва планира да воведе ред во секојдневното функционирање на градот. Така, по терк на соседна Хрватска, планира да воведе казни за шетање без маица низ градот во износ од 500 евра, а за шетање по костим за капење следува казна од 600 евра. За јадење и пиење на јавна површина предвидена е казна од 700 евра.
Надлежните служби во градот ги повикаа граѓаните да помогнат со што поголем број лични сугестии за подобрување на секојдневното функционирање на градот, градската комунална хигиена, туристите и нивниот однос кон заедничките јавни површини.


„Важноста од оваа одлука како и правилата за ограничување на однесувањето на јавни површини може да се согледа преку одлуките на градовите од соседните држави, на пример Хвар, каде на туристите им е јавно истакнато известувањето за правилата и казните кои ги чекаат во случај на прекршување на истите со непримерно однесување. Така, за шетање без маица е предвидена казна од 500 евра, за шетање по костим за капење казна од 600 евра, а за јадење и пиење на јавна површина казна од 700 евра“, соопштија надлежните од општинската служба.
Со одлуката, како што истакнуваат, можат да пропишат и разни други правила на однесување со цел да се регулираат проблемите со паркирањето, сушењето алишта, фрлањето на отпад, изгледот на зградите, гласната музика и друго.
Бидејќи оваа одлука произлегува од Законот за комунална дејност од надлежните општински служби истакнуваат дека е потребно сите граѓани да земат учество во нејзиното формирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.