За Шилегов свирежи и негодувања наместо новогодишни желби

И покрај тоа што од провладините медиуми беше прогласен за градоначалник на годината градскиот татко Петре Шилегов доживеа јавно посрамотување од граѓаните.  На новогодишната прослава на градот Скопје организирана на плоштадот “Македонија“ беше жестоко исвиркан од присутните гости.
На една минута пред полноќ Шилегов го зеде микрофонот од пејачот на “Парни Ваљак“ Аки Рахимовски и почна да зборува, но за возврат доби свирежи и погрдни извици. Откако тој и неговите колеги беа прогласени за „апаши“ од дел од присутните, а свирежите не запираа Шилегов сфати дека не е омилен кај публиката по што рече дека ќе биде краток, порачувајќи дека сите треба да внимаваат со луѓето околу себе, да бидат хумани и да им помагаат на сите луѓе.
Откако и по огнометот повторно го зеде микрофонот свирежите продолжија, па градоначалникот само им ја честиташе Новата 2019. година на присутните.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.