За што ни се нови министерства?

Професорката Мирјана Најчевска реагира на предлогот на група пратеници од владејачкото мнозинство со кој се бара формирање на ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
„Зошто бре луѓе?
Како може да барате уште министерства?
Треба да имаме најмногу 7 и не треба да имаме претседател и треба да имаме најмногу 20 општини и 70 пратеници.
И никако не смее администрацијата да надмине 30.000 и да се намали бројот на судии и да се укинат управните и надзорни одбори и да се намали бројот на јавни претпријатија и да се преполови буџетот.
Дајте бре луѓе имајте милост кон напатените граѓани кои се обидуваат да живеат во државичево“-пишува Најчевска.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.