Медот е лековит, практичен и нѝ служи како превенција за многу болести. Во продолжение, прочитајте ги причините зошто секојдневно треба да го конзумирате.Суво грло
Доколку имате суво грло или премногу кашлате земете една лажичка мед за да ви ги ублажи тегобите. Исто така, можете и да ја измешате со неколку капки сок од лимон и да добиете смеса која ќе биде ефикасна за вашето грло.
Дава енергија
Прескокнете го кафето и конзумирајте го медот на било кој начин – во чај, на леб или пак додајте го во чаша вода. Медот има голема енергетска вредност и моќ и ќе имате повеќе сила.
Мамурлак
Во случај да не сте знаеле, медот е одличен против мамурлакот. Утрото по „бурната“ ноќ, знае да биде мошне тешко, но медот како додаток во сокот од портокал или југортот – нѝ гарантира „свежина“ во денот.
Гребнатинки и исекотини
Медот нанесен на раната делува лековито – ја ублажува болката и евентуалното крварење.
Мирен сон
Чаша млеко со мед ќе ви помогне да се опуштите и ќе ви обезбеди мирен и спокоен сон.
Суво грло
Доколку имате суво грло или премногу кашлате земете една лажичка мед за да ви ги ублажи тегобите. Исто така, мож



