За што сè можете да го искористите шампонот за коса?

4. За рачно перење на чувствителните ткаенини наместо да купувате скапи детергенти, во водата ставете неколку капки шампон за коса.

5. Истото важи и за дамките на алиштата. Ставете неколку капки шампон на дамката, истријте и оставете нека постои. Потоа исперете на вообичаениот начин.

6. Употребете го шампонот како замена за пената за бричење. Шампонот има свиленкаста структура што помага бричот да се лизга подобро, многу е поблаг од сапунот и не ја суши кожата.

Никогаш не ги барајте симптомите за болести на интернет

7. Избришете ја прашината од листовите на цвеќињата во вашиот дом. Направете мешавина од вода и неколку капки шампон, намокрете ја крпата па поминете ги листовите.

8. Исчистете ја четката за коса и четките за шминкање. Истријте ги со шампон, а потоа добро исплакнете. Шампонот одлично ги отстранува телесните масти.

9. Измешајте шампон и сода бикарбона за да добиете паста која ќе ви помогне да ги исчистите алуминиумските тркала на вашиот автомобил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.