И покрај тоа што доби критики, младиот пејач освои максимален број гласови и помина во следниот круг.
Во петтиот дуел во „Ѕвездите на Гранд“ се претставија Јасмин Алиевски од Македонија и Маја Јевтиќ од Србија.
Нивни ментори беа Марија Шерифовиќ и Ѓорѓе Давид кои дадоа сé од себе нивните кандидати да се претстават во најдобро светло. Талентираниот пејач од Македонија ги освои сите шест гласови и ја однесе победата, додека убавата Маја со своите четири гласа се пласираше во бараж.
Што се однесува до Јасмин, тој и покрај тоа што освои шест гласови, доби и голем број критики од жирито.
„Став, првата песна, многу убаво, втората песна убаво, помалку убаво. Можеше и подобро тоа, но… Во првата песна се случи истата работа како и со кандидатот што го пееше Шабан Бајрамовиќ. Сакаше стилски да му се приближиш на Мишо Коваќ, па на крајот беше и малку премногу“.
„Во висините добро се бореше, но мораш малку да бидеш повнимателен со тоа ш, тоа се слуша, тоа сите го слушаат. Што се однесува до втората песна, почетокот беше катастрофа, а на крајот гледав сé и не можев да згрешам. Што се однесува до втората кандидатка, ништо не ти одеше добро со гласот. Посебно оваа втората песна која што ја има напишано Оливер Мандиќ, а Цеца феноменално ја испеа“, изјави Босанац и погледна кон Александар Милиќ Мили кого сакаше да го испровоцира со својот коментар.
Сепак, Мили не се фати на неговата провокација, туку изнесе мислење потполно спротивно од неговото.
„Кандидат број еден, ти имаш свој бренд, имаш едно движење што го правиш и тоа навистина е твојот бренд.“
„Јас тоа го имам видено само кај Елвис Присли, ти навистина си одличен и си мој фаворит. Што се однесува до девојката, првата песна беше океј, ја чекав втората песна, односно тој почеток каде требаше да блеснеш. Ти тоа го направи, но потоа сé упропасти“, изјави Мили, па се огласи и Светлана Цеца Ражнатовиќ која само додаде:
„Јас се согласувам со се што кажа Босанац“.
„Јасмин, јас сега ќе те мавнам со чевелот, не треба тој зајак да го држиш кај срцето, пушти го да скока“.
„Недозволиво е ова што ти го кажа Босанац, втората песна да ја започна така. Имаше и други грешки во втората песна, па им се заблагодарувам на претставниците на жирито што објективно го оценија твојот напредок. Беше полош отколку на пробите, ова е само еден ветер во грбот и за тебе и за мене, но и дека ќе имаме проблем во третиот круг“, му порача Ѓорѓе Давид на својот кандидат од Македонија.
Инаку, Јасмин и во 2017 година ги воодушеви сите со своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, а Јелена Карлеуша, која беше дел од жирито, тогаш му порача дека по Тоше Проески е најубавиот Македонец што го видела. Младиот пејач не криеше дека овој коментар на балканската дива го импонираше бидејќи како што самиот изјави, Јелена е некој што има добар вкус и знае како една ѕвезда треба да изгледа.
Мили во шок што колегите НЕ гласаа за пејачката од Македонија – НЕИЗВЕСНОСТ до самиот крај во „Ѕвездите на Гранд“
Младата Гранд ѕвезда со македонски корени и го украде шоуто на Теа Таировиќ – објави домашно видео и го запали интернетот
Оваа млада мајка од Струмица го украде шоуто во „Ѕвездите на Гранд“ – БЕСПРЕКОРЕН ТАЛЕНТ И ШАРМ што ги воодушеви сите
Пејачка од Македонија го скара жирито во „Ѕвездите на Гранд“ – фатална црвенокоса дама која никого не остави рамнодушен!
Пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ има тежок облик на корона, фановите загрижени – одвај дише, НЕ МОЖЕ да стане од креветот!
Мили од „Ѕвездите на Гранд“ се соблече во костим за капење и гo „запали“ интернетот – и неговата сопруга никого не остави рамнодушен!