За 2019-та најголем буџет до сега

Буџетот за 2019. година е најголем до сега и изнесува 3,7 милијарди евра, безмалку 300 милиони евра повеќе од годинава. Зголемувањето најмногу се должи на плановите на Владата за зголемување на платите.
Од јануари 2019. година за 10% повисоки плати ќе добијат лекарите специјалисти, а во септември сите останати од овој сектор за 5 %. Од септември 2019. зголемување од 5 % ќе добијат и вработените во образованието и градинките, а исто така и сите вработени во администрацијата.
И покрај слабата реализација на капитални инвестиции оваа година, Владата за следната останува оптимист. Предвидува околу 418 милиони евра, што е за 18 милиони повеќе од годинава. Најмногу, 180 милиони евра се предвидени за изградба на патишта, железници, гасоводен систем, водовод и канализација.
Следната година Владата планира и воведување на зелената нафта за земјоделците, која ќе биде во висина од 30 % од цената на горивото. Вкупните субвенции во земјоделството ќе изнесуваат 11 % повеќе од годинава или 140 милиони евра.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.