За 30 до 50 години е можно формирање на обединета Македонија, пишува грчки “Катимерини“

Грчкиот весник “Катимерини“ го анализира прашањето: Би можело ли постоењето на “Северна Македонија“ да претставува закана за Грција.
“Историското време не може да се сведе на природно време. Грција нема да се соочи со никаква закана во следните години, всушност, земјата ќе се засили, паралелно со зголемувањето на стабилноста на Балканот“.
Меѓутоа, надградувањето на БЈРМ во “Северна Македонија“ и признавањето на “македонски идентитет“ може во историски рамки да означува посејување на семето за нешто поголемо. Соседната држава ќе се претвори во автономен инкубатор на македонски идентитет.
Во иден геополитички развој 30, 40 или 50 години од сега натаму големите сили би можеле да поддржат создавање единствена, мултиетничка, федерална македонска држава – во или надвор од Европска Унија – која би забила клин на Балканот.
“Таквите геополитички калкулации лежат зад бугарската резервираност во однос на Преспанскиот договор“, пишува Павлос Пападопулос за „Катимерини“.
Извор: Експрес

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.