За 5 месеци има 60.000 возила помалку низ улиците на Струмица, близу 200.000 граѓани кои го користат секојдневно јавниот превоз, објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Бенефитот од јавниот превоз со факти!
До денес нашите електрични автобуси и ЈП Струмица транспорт за гориво потрошија 0 денари!
Звучи неверојатно?
Со субвенциите од општината моите струмичани од селата и градот имаат 9.750.000 денари повеќе во семејните буџети, а си ги решаваат нивните секојдневни обврски.
За 5 месеци исто така имаме 60.000 возила помалку низ улиците на Струмица, близу 200.000 граѓани кои го користат секојдневно јавниот превоз.
Моја Струмицо сега е јасно зошто не блокираат, на владата и смета успехот, но и заштедата.
Нема да ме поколебаат, уште помаку ќе ме придомислат сите притисоци и хајки!
Продолжуваме силно за Струмица. – стои во објавата на Фејсбук.
