„Пари“ анализира како економскиот амбиент во првото полугодие од годинава се рефлектирал врз ликвидноста на компаниите
Во првите 6 месеци од годинава не успеале да преживеаат 4.874 фирими. Ако се спореди со лани, податоците покажуваат дека оваа година е поповолна. Минатата година во првото полугодие од годинава, според податоците од платформата БизнисМрежа.мк, клуч на врата ставиле 5.022 компании.
Оваа година има пополовен економски амбиент во однос на минатата година, па и податоците за згаснатите фирми се подобри, како што можеше и да се очекува. Засега, Државниот завод за статистика ги има објавено само податоците за првиот квартал од оваа година за растот на бруто домашниот производ, а тој покажува економски раст од 2,4 проценти во однос на првиот квартал од 2021 година. Последниот податок за индустриското производство, а кој се однесува на мај, покажува дека во тој месец годинава, индустриското производство е зголемно за 8,5 проценти во однос на ланскиот мај, додека во периодот јануари-мај 2022 година во однос јануари-мај 2021 година, растот на индустриското производство е 2,9 проценти.
ФЕВРУАРСКИ „МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА“
Економските текови се одрзуваат на ликвидноста на компаниите, а оние кои ја губат, едноствно банкротираат. Во февруари се гледаат многу текови од преходниот период. Тогаш се случува и бришењето од страна на Централниот регистар кога тој по сила на закон ги „гасне“ компаниите кои не се активни. Станува збор за регулатива од член 552 од Закон за трговски друштва, според која се бришат фирмите кои не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, или не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче, или не уплатиле основачки влог во пропишаниот рок.
Извор: БизнисМрежа.мк
Она што пореално го покажува трендот за опстојување на фирмите годинава, се податоците за вториот квартал. Според нив, во месеците април, мај и јуни оваа година, згаснати се 954 компании, додека лани, истиот период, биле згаснати 1.025 компании.
Сепак, стопанствениците алармираат дека ликвидноста на компаниите е влошена и не се оптимисти.
– Компаниите се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, за што сме информирале многупати досега. Тоа значи дека единствена е нивната оценка дека енергетската криза и пропратните кризи ја исцрпија нивната кондиција и од овој момент тие навистина се наоѓаат во една алармантна ситуација како ќе се соочат со состојбите коишто ќе бидат предизвикани во текот на зимските месеци – изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија на прес-конференцијата по повод 100 годишнината од коморското работење.
ПРОДОЛЖУВА..
Вториот дел од анализата ќе биде објавен на 20.07.2022
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/za-6-meseci-zgasnale-4874-firmi/
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.