Околу половина година по изработката на последниот примерок, дојде време за достојно збогување.
Се разбира,станува збор за Фолксваген и неговата легендарна Буба. Не само што е еден од најпрепознатливите автомобили во историјата, туку со тираж од 23 милиони единици и над 80 години историја, тој е еден од најпродаваните и најтрајните модели.
Затоа, филијалата „Фолксваген“ на САД одлучи да се збогува од овој легендарен модел, кој (засега) нема наследник. Секој крај е почеток на нешто ново, ќе кажат уметничките души, а Фолксваген ќе игра на картата на емоции. Бубата дефинитивно стана дел од историјата и овие времиња се предодредени за некои други икони кои се појавуваат, се разбира, електрични.
Видеото со наслов ,,Последната милја” е посветена специјално на оваа икона на Фолксваген.