Актерот Тони Тод, најпознат по улогите во хорор филмовите, пред се убиецот со кука во култниот филм „Кендимен“, почина на 69-годишна возраст.
Зад него се повеќе од 200 улоги во кариерата долга 40 години. Една од неговите први улоги беше наредникот Ворен зависник од хероин во воената драма на Оливер Стоун, добитник на Оскар, Вод.
Тод стекна светска слава со главната улога во филмскиот серијал „Кендимен“ (1992-2021), Бен Хансер во „Ноќ на живите мртовци“ (римејк од 1990 година) и Вилијам Блудворт во серијата филмови „Последната екскурзија“ (2000- 2011).
Тој е познат и по улогата „Курн“ во ТВ сериите „Ѕвездени патеки: следната генерација“ (1990-1991) и „Ѕвездени патеки: длабок простор 9“ (1996).
Тод играше во неколку продукции на Бродвеј, како што се Отело, Аида и кралот Хедли II.
Во филмот „Кендимен“ играше убиец со кука, кој се појавува кога некој ќе го повтори неговото име пет пати пред огледало.
Роден е во Вашингтон во 1954 година и израснал во Хартфорд (Конектикат). Студирал театарски уметности на Националниот театарски институт за актери „Јуџин О’Нил“ и во Провиденс.
Зад себе ги остави сопругата Фатима, ќерката Аријана и синот Алекс.