Легендарниот пејач Џеј Рамадановски, вчера беше погребан во „Алејата на заслужни граѓани“ во Белград, а тоа е и според барањето на српскиот Претседател Вучиќ таму да му биде вечниот дом.
Џеј беше погребан според муслиманските обичаи, бидејќи по потекло е Муслиман, а потеклото го води од неговите родители, баби и дедовци од околината на Ресен, кои Македонија ја напуштиле после Втората Светска војна населувајќи се во Србија во која Џеј бил роден.
За жал неговиот (боемски) живот не траеше долго. Почина на 56 години. На погребот на пејачот му беше исполнета последната желба – на гробот да му засвират 50 виолини. Ќерката Марија исклучително тешко го поднесе простувањето од татка си.
– Тато, те молам разбуди се да видиш дека сите ти дојдоа. Како ќе продолжам понатаму без тебе. Стани и погледни не’ барем уште еднаш, извикуваше таа гушејќи се во солзите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.