Кога припадник на посилниот пол ќе ви упати комплимент, треба да знаете дека сето тоа има некаква позадина.
Иако тоа не мора да биде нешто лошо, секако добро е да знаете што неговите комплименти навистина значат.
„И двата фустани ти стојат одлично!“
Всушност мисли: „Не знам што друго можам да ти кажам.“ или „Не гледам преголема разлика меѓу фустаните.“
„Ми се допаѓа твојот нов кармин!“
А всушност мисли: „Гледаш дека ги забележувам промените!“
„Имаш одлична смисла за хумор.“
Всушност мисли: „Супер, смешни ти се моите шеги.“
„Ајде сепак да останеме дома.“
А мисли: „Се надевам на секс вечерва.“
„Не сакам мачки/кучиња, но твојот/твојата е посебен/посебна!“
Всушност мисли: „Не сакам мачки/кучиња.“