Во периодот април-јуни од оваа година се регистрирани 2.876 хипотеки врз недвижности, со вкупна вредност од 551,5 милиони евра, покажува извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности за вториот квартал.
Само во Скопскиот катастар се регистрирани 1.522 хипотеки во вредност од околу 289,5 милиони евра, додека во другите 29 катастарски канцеларии во земјата се регистрирани уште 1.354 хипотеки во вредност од околу 262 милиони евра.
Во споредба со првиот квартал од годината, бројот на хипотеки е зголемен за 280 случаи.
Статистиката покажува тренд на зголемување на хипотеките во последните години:
2024: 8.748 хипотеки 2023: 7.844 хипотеки 2022: 7.658 хипотеки
2021: 8.386 хипотеки
Во меѓувреме, во регистарот на цени и закупнини, во третиот квартал се евидентирани 6.135 продажби на недвижности, што е за 580 повеќе во споредба со претходниот квартал.
Според податоците од Народната банка, станбените кредити се зголемиле за 1,6% на месечно ниво и за 16,1% на годишно ниво, додека потрошувачките кредити се зголемиле за 0,9% месечно и 10,2% годишно.
The post Зголемена побарувачка за станбени и потрошувачки кредити во Македонија appeared first on Во Центар.



