Организаторите на Ролан Гарос, објавија дека наградниот фонд за овогодишното Отворено првенство на Франција во тенис, ќе биде зголемен за три отсто и ќе изнесува 22 милиони евра.
Победниците на вториот Грен слем во сезоната, во машка и женска конкуренција, ќе заработат по 1,5 милиони евра, што е за 250.000 евра повеќе од минатата сезона. Сепак, најмногу зголемување, од 25 отсто, има кај паричните награди за овие кои својот настап ќе го завршат пред четвртфиналето. За пораз во првото коло следуваат 21.000 евра, елиминацијата во второто коло носи 35.000 евра, а во третото коло носи 60.000 евра. Пласманот во осминафиналето носи 100.000 евра, четвртфиналето вреди 190.000 евра, а полуфиналето 375.000 евра, додека поразениот финалист ќе заработи 750.000 евра.
Makфакс
Организаторите на Ролан Гарос, објавија дека наградниот фонд за овогодишното Отворено првенств