Зградата на Општина Прилеп е ДИВОГРАДБА! – Над 150 вработени работат во нелегален објект

*Објава на Фејсбук на Зоран Милошески:

– И додека после трагедијата во Кочани, Владата, Министерството за економија и останатите надлежни институции работат на утврдување на легалноста и безбедноста на угостителските и други објекти во државата, власта но и пошироката јавност треба да знае дека над 150 вработени во Општина Прилеп работат во нелегален објект, во дивоградба!

Со ставање во употреба на оваа дивоградба во 2011 година, тогашниот градоначалник со три последователни мандати и актуелен заменик министер за економија, Марјан Ристески, ја довел во опасност безбедноста на вработените, но и на сите оние граѓани кои од денот на нејзиното предавање во употреба па до денес, по било кој повод макар и на кратко престојувале во општинската зграда.

Податоците изнесени во Извештајот на Државниот завод за ревизија од 2023 година се јасни и недвосмислени:

👉 Овластениот државен ревизор во конечниот Извештај констатирал дека, после Одлуката на Владата за давање на објектот од страна на Министерството за одбрана на Општина Прилеп на користење без надомест, во 2008 година, спротивно на член 10 од Договорот, Општината издала Одобрение за градење со кое е предвидена реконструкција и надградба на објектот;

👉 После завршувањето на инвестиционите работи, објектот бил пуштен во употреба без одобрение од надзорен инженер за градба;

👉 Ваквото постапување не е во согласност со Законот за градење во кој е уредено дека градбата ќе се стави во употреба по издавање на Одобрение за употреба;

👉 До ден денес објектот не е запишан во Агенцијата за катастар на недвижности како сопственост на Општина Прилеп, бидејќи после извршената надградба и изменетата состојба тој не соодветствува на фактичката состојба и за него нема Одобрение за употреба.

Резиме: Поранешниот прилепски градоначалник Марјан Ристески ја предал во употреба зградата на Општина Прилеп спротивно на Законот за градење, без Одобрение за технички надзор, без Одобрение за употреба, зградата нема имотен лист, односно не е запишана во книгата на недвижности на Агенцијата за катастар и недвижности како сопственост на Општината.

Обвинителство???

ЛИНК од обајвата

Пронајдете не на следниве мрежи: