Здравите бебиња се прават во декември, никако во февруари и во јуни

Изгледа дека декември е месец за радување и месец за водење љубов.
Според резултатите на аналитичкото истражување на Универзитетот во Индијана, бебињата зачнати во декември имаат далеку поголеми шанси да бидат поздрави во детството како и во подоцната животна доба.
Со истражувањето биле опфатени 52 милиони бремености во текот на 12 години. Според добиените резултати, декемвриските зачнувања имаат најмала стапка на проблематична бременост или бременост кои завршуваат со спонтан абортус, а тоа пак дава објаснување поради што токму септември е еден од месеците со најголеми гужви во породилиштата.


Докторот Пол Винчестер на конференцијата на Американското здружение за репродуктивна медицина која е одржана во Балтимор минатата недела, кажал дека мајките кои ги зачнуваат децата во декември, за време на завршната фаза на бременост добиваат повеќе сонце и витамин Д, што придонесува за здравјето на бебето.
Претходни истражувања покажаа дека бебињата кои се раѓаат во различни месеци се изложени на различни здравствени ризици. Заклучокот е дека децата родени во мај имаат најмал ризик од заболување, додека пак најголем ризик од заболување имаат оние родените во октомври.
Обид да се зачне дете во јуни, според зборовите на доктор Винчестер е „токсично, исто како што е опасно да се раѓа во месецот во кој се слави Денот на вљубените – февруари“.
-Самиот Ден на вљубените е еден од најлошите денови за правење дете, додека времето на божиќните празници е многу позитивно -заклучиле членовите на истражувачкиот тим од Универзитетот во Индијана.
-Тоа што нѐ изненади е дека јуни се покажал како токсичен месец за правење деца, особено кога се во прашање мајките од бела раса- рекол доктор Винчестер: Најмал процент на раѓање е кај бебињата кои се зачнати во јуни – повеќето се предвремено родени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.