Во текот на ноќта, бомба беше фрлена врз семејната куќа на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, која се наоѓа во белградската населба Дедиње. Самиот пејач, кој моментално не е во Србија, проговори за овој настан.Имено, Чолиќ преку својата ПР агенција истакна дека сите членови на семејството се добро и апелираше за одговорно медиумско известување.
„Моментално сум надвор од Србија. Сум во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, фала му на Бога, сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои од изјавите во најновите текстови се протолкувани на начин што не одговара на точната и вистинската ситуација. Мислам дека е важно информациите да се презентираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, нагласи Чолиќ.
Според досегашните информации, во експлозијата нема повредени, но е причинета значителна материјална штета.
„Голем дел од фасадата на куќата беше оштетен, како и оградата во дворот. Прозорците на возило паркирано во дворот беа исто така скршени, а и самиот автомобил беше оштетен“, откри извор за српските медиуми.
Да потсетиме дека српските медиуми објавија дека синоќа е фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград.
Полициските сили веднаш ги блокирале приодите кон зградата по пријавата, а истрагата ја спроведуваат на лице место припадници на МУП и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.
The post Здравко Чолиќ проговори откако бомба беше фрлена врз неговата куќа: Фала му на Бога, сите се добро appeared first on Во Центар.



