Едноставен, а превкусен рецепт.
Потребни состојки:
1 лажичка шеќер
2 лажици маслиново масло
500 мл пасирани домати
700 мл вода
2 чешниња лук
Лист од целер
1 лажица вегета
Начин на подготовка:
Растопете го шеќерот на маслиново масло и прелијте со пасираните домати и вода.
Додајте го исечканиот лук, целер и вегета и оставете да зоврие супата, па варете околу 10 минути на умерена температура.