Здравствени предности на сурутката: Нема што не лекува!

Сурутката е богата со хранливи материи, а колку е здрава, знаеле и нашите баби кои ја користеле како лек за многу болести.
Полна е со јаглехидрати, минерали и витамини.
Овој нус-производ настанува при производство на сирење и во него остануваат најдобрите и највредните состојки на млекото: витамини Б и Е, минерали и млечни шеќери кои го штитат мозокот.
Спас за црниот дроб
Содржи бета-лактоглобулин кој го полни организмот со аминокиселини БЦАА, кои помагаат во случај на напредни болести на црниот дроб, а им помагаат и на луѓето болни од цироза да живеат подолго и поквалитетно. Лекува замастен црн дроб, хепатитис, жолтица, црн дроб оштетен од алкохол и од нездрава храна. Пијте една чаша сурутка дневно за подобра функција и поздрав црн дроб.


Помага за слабеење
Сурутката содржи многу протеини кои ја зголемуваат мускулната маса и дава чувство на ситост. Во 100 грама сурутка има само 26 калории. Со оглед на тоа што е сиромашна со масти и калории, а богата со важни хранливи состојки, добра е за држење диети и ја чува витата линија. Протеините што ги содржи оваа напивка го зголемуваат нивото на хормони што го намалуваат апетитот и го ублажуваат чувството на глад.
Ја намалува надуеноста и лечи констипација
Го поттикнува варењето и затоа нема да имате непријатно чувство на надуеност и констипација. Диуретик е, па сепак, би требало да внимавате да не претерате со консумирање (максимум еден литар сурутка дневно), бидејќи може да предизвика дијареја. Сурутката содржи и млечна киселина која ги намалува габичките и бактериите во цревата, а нејзината ниска Ph-вредност ја поттикнува работата на цревата.
Ослободува од стрес и замор
Сурутката поттикнува лачење серотонин, хормон на среќа и го намалува чувството на стрес и хроничен замор. Содржи и алфа-лакталбумин кој изобилува со есенцијалната аминокиселина триптофан, позната по тоа што го подобрува расположението и сонот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.