Здравствени придобивки од јадењето смокви

Смоквите се дел од нашата исхрана со векови. Ова овошје во облик на солза најдобро успева на Блискиот Исток и Средоземјето и се препорачува да се консумира бидејќи има многу здравствени придобивки за телото.
Смоквите може да се јадат свежи или сушени, а нивната природна сладост ги прави совршена замена за шеќерот во колачи и пити. Виолетовата или зелената кора од смоквата, исто така, се јадат, како и нивната розова внатрешност.
Смоквите содржат повеќе неопходни хранливи состојки за нашето тело, како што се калциум, магнезиум, железо и витамините А, К и Б-6. Тие се полни и со растителни влакна, феноли, флавоноиди, како и антиоксиданти коишто ја спречуваат и намалуваат штетата што слободните радикали им ја прават на клетките.
Смоквите помагаат во намалување на крвниот притисок и холестеролот. Докажано е дека тие можат да влијаат на намалување на крвниот притисок, како и на нивото на холестерол. Смоквите се добри и за дијабетичарите. Научно истражување од 1998 година открива дека умерениот внес на смокви ги намалува инсулинските потреби за 12 насто.
Смоквите поттикнуваат подобро варење и се користат како природен лек за проблеми со запек. Тоа е така, бидејќи тие содржат растворливи влакна, кои се делотворни за здравјето на цревата.
Смоквите се добри и за кожата. Кремите кои содржат суви екстракти од смоква помагаат во борбата против егземата и сувата кожа. Поради антиоксидансите, смоквите се добар сојузник и против брчките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.