Претседателот на партијата Демократско движење и пратеник во Собранието, Изет Меџити изјави дека носењето на уставните измени поврзани со Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ ќе биде услов за евентуална коалиција по парламентарните избори со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ.
- ФИФА ја прекина суспензијата на Израелската фудбалска асоцијација
- СЗО: Во Либан загинаа 28 здравствени работници, a многумина ја напуштија областа
- Обид за кражба во зградата во Чаир во која изби пожар
- Со велосипед од Скопје до Охрид: Амбасадата на САД со кампања за борба против рак на дојка
- Стотина семејства може да останат без домови по пожарот во Чаир
- ММДЧП и МАЕИ побараа од Канада да ги осуди анти-македонските постапки на Бугарија
- Бритни Спирс си ги изгоре косата, веѓите и трепките: „Пламенот ми го зафати целото лице“
- Бајден: Pазговараме за можни изpаелcки напади врз иpанcките нафтени локации
- Кејт Мос пијана се тетеравела и паднала од столот: Сите зачудено гледале
Меџити, во интервју во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, вели дека за Албанците, но и за сите други граѓани на Македонија, приоритет над приоритетите е европската интеграција, и затоа нивниот став е јасен – носење на уставните измени со кои би се отворил патот на земјата кон Европската Унија.
Демократско движење, според него, нема по секоја цена да прифати да биде дел од некоја власт која нема да има приоритет „да ја започне работата со европските интеграции“.
Ние немаме друг избор, друга алтернатива немаме. Ние себеси не се гледаме како дел од власт која нема да има евроатланска ориентација. Ова сме го докажале пред две години, со придонесот на Кастриот Реџепи, а и мој со тоа што успеавме да ја задржиме Македонија на евроатлантскиот пат, рече Меџити.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.