Не сакаат да работота во амбулантите, бидејќи се фокусирани како кариерата да ја продолжат надвор од Македонија. Здружението на матични лекари бара итни и конкретни мерки за да се избегне криза во примарното здравство.Министерот за здравство вели дека се разгледуваат неколку алтернативи за надминување на овој проблем.Кога ќе се пензионира матичен лекар, се бришат и сите негови пациенти. Ако тој пензиониран лекар под концесија имал и амбуланта, им прекинува работниот однос и на сите други вработени во неговата ординација. Амбулантата во Хасанбег/Сингелиќ е една од оние чиј доктор отишол во пензија пред еден месец и како последица над 4500 пациенти кои биле запишани таму, се избришани од регистарот на амбулантата. Само во Скопје, иста е ситуацијата и во Поликлиниката во Чаир, во Јане Сандански и поликлиниката во Ѓорче Петров. Во руралните области, ситуацијата е уште полоша.Барањето на Здружението на матични лекари е да се направат законски измени, со што и по пензионирањето или по смртта на матичен лекар кој има под концесија амбуланта, истата да може да продолжи со работа со друг лекар.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.