Здружението на матични лекари МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ЛЕКАРИ

Не сакаат  да работота во амбулантите, бидејќи се фокусирани како кариерата да ја продолжат надвор од Македонија. Здружението на матични лекари бара итни и конкретни мерки за да се избегне криза во примарното здравство.Министерот за здравство вели дека се разгледуваат неколку алтернативи за надминување на овој проблем.Кога ќе се пензионира матичен лекар, се бришат и сите негови пациенти. Ако тој пензиониран лекар под концесија имал и амбуланта, им прекинува работниот однос и на сите други вработени во неговата ординација. Амбулантата во Хасанбег/Сингелиќ е една од оние чиј доктор отишол во пензија пред еден месец и како последица над 4500 пациенти кои биле запишани таму, се избришани од регистарот на амбулантата. Само во Скопје, иста е ситуацијата и во Поликлиниката во Чаир, во Јане Сандански и поликлиниката во Ѓорче Петров. Во руралните области, ситуацијата е уште полоша.Барањето на Здружението на матични лекари е да се направат законски измени, со што и по пензионирањето или по смртта на матичен лекар кој има под концесија амбуланта, истата да може да продолжи со работа со друг лекар.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.