Здружение на инженери: Истечен е рокот за потпишување договор за Чебрен

Инженерите на Република Македонија се со став дека е истечен рокот за склучување на договор за заедничко вложување и основање на Друштво за посебна намена помеѓу понудувачот PUBLIC POWER CORPORATION S.A. – Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. Greece и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.

Тепачка во затворот во Идризово
Денеска во 00.19 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправна установа затвор Идризово Скопје било пријавено дека во саботата осуденикот И.С.(47) од Скопје бил физички нападнат од неколку осуденици. Полицијата соопшти дека …
Поплави и обилни врнежи предизвикаа хаос во Англија и Велс: затворени патишта и училишта
Обилни врнежи и поплави погодија делови од Англија и Велс предизвикувајќи прекин на сообраќајот и материјална штета. Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија, а во некои области во текот …

Ваквиот став го темелиме врз основ на роковите определени со точката 5 на ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ НА ЦРНА РЕКА (Службен В. на Р.М. бр: 192/2023 од 14.09.2023). Оваа одлука е влезена на сила на 15 септември 2023 година, а согласно точката 5 од истата, најповолниот понудувач ППЦ-Архиродон беше должен во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука (15 декември 2023 година), да склучи договор за заедничко вложување и да основа Друштво за посебна намена со Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје. Со оглед дека рокот предвиден со оваа Одлука е истечен, сметаме дека било каков Договор веќе не може да се потпишува, се вели во соопштнеието од Здружението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.