Зегин онлајн е водечка е-продавница за убавина, нега и здравје за 2024 година

Синоќа по четврти пат се случи настанот “E-commerce Awards” – годишна иницијатива организирана од Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија што има за цел да ги истакне најдобрите во областа на македонската е-трговија. Компанијата Зегин, преку својата онлајн платформа www.zegin.com.mk, беше номинирана во неколку категории и освои прво место во категоријата “Најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје”. Ова признание е уште еден доказ дека квалитетот, професионалноста и посветеноста секогаш носат успеси. Наградата, која е четврта по ред за компанијата, претставува значаен стимул за продолжување со уште поголема посветеност, подобра понуда и задоволство на клиентите – истакнуваат од компанијата. Во текот на оваа година, како одговор на барањата и задоволството на клиентите, услугите на нивната онлајн продавница ќе се прошируваат. ЗЕГИН исто така најавува вклучување на новина: мобилна апликација, која ќе ги направи нивните услуги уште подостапни за сите корисници.
The post Зегин онлајн е водечка е-продавница за убавина, нега и здравје за 2024 година appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: