Јагнето се откупува, ама по 200 денари жива мера, што е крајно штетен откуп за сточарите, велат фармери соговорници за Зелена берза. Ако лани било неисплатливо со цена од околу 230 до 250 денари за килограм жива мера, годинава, овчарите велат дека се приморани да го дадат јагнето за беспари, оти во спротивно растат и нивните долгови за храна и други трошоци пишува Зелена берза!
Изминатите денови дел од сточарите, одгледувачи на јагне биле на средба со министерот Цветан Трипуновски и му ги кажале проблемите, по што добиле ветување дека МЗШВ ќе одржи уште една средба со окупувачите, но за жал до денес сточарите немаат повратен одговор што да прават со откупот, а јагнињата растат исто како и трошоците.
Извор: Зелена берза