вторник, 24 ноември 2026
Најново

Зеленски алармира: 50.000 севернокорејски војници ќе бидат распоредени во Русија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Володимир Зеленски изјави дека е донесена одлука за распоредување на 30.000 до 50.000 севернокорејски војници на руска територија.

Во интервју за украинскиот медиум „Јунајтед њуз“, тој рече дека Северна Кореја „ја проучува оваа војна“ и дека би можела да претставува закана за другите азиски земји бидејќи ќе „стекне искуство во модерното војување под водство на Русија“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Украинскиот претседател изјави дека Севернокорејците влегле во војната со стотици, а потоа со илјадници, а оваа „одлука“ ќе ги направи десетици илјади.

„Веќе пронајдовме севернокорејски ракети на територијата на Украина. Денес, ова е веќе докажан факт“, рече Зеленски.

„Апсолутно е јасно дека Северна Кореја ќе продолжи да го гради своето искуство во модерното војување, да добива лиценци од Русија и да набавува секаков вид воена опрема од нив. Ние го разбираме ова многу јасно“, додаде тој.

Како резултат на тоа, Зеленски ја повика Јужна Кореја на „поблиска соработка“ со Украина, вклучително и размена на системи за воздушна одбрана за договор за беспилотни летала.

Поврзани вести