Зеленски ги отфрли изборите и најави нова мобилизација: Армијата бара регрутирање на околу половина милион луѓе

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

– Прашањето е многу чувствително. Армијата укажа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка – рече Зеленски на прес-конференција, пренесува „Украинска Правда“.

Удар за Путин од срцето на Москва, „царот“ ова не го доживеал 30 години! Русите се вртат против него, сакаат да ги повлечат трупите од Украина!?
Повеќето Руси сакаат мировниот договор со Украина да биде склучен во текот на следната година, додека помалку луѓе сакаат да учествуваат во војната. Декларираната поддршка за војна опаѓа кога луѓето …
Иран е подготвен да го остави оружјето ако тоа го стори и Израел
„Сакаме да живееме во мир, не сакаме војна“, рече иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. „Израел е тој што се обидува да го создаде овој сеопфатен конфликт“, им рече тој на новинарите …

Тој додаде дека воените и владините претставници ќе разговараат за ова „чувствително прашање“, по што парламентот ќе ја разгледа дополнителната мобилизација и посочи дека за таква масовна мобилизација ќе бидат потребни дополнителни средства.

– За тоа ќе бидат потребни дополнителни 13,5 милиони долари – рече тој.

Зеленски рече дека нема намера да го потпише законот за мобилизација на жени доколку документот биде усвоен од Рада.

Воедно ја поддржа иницијативата за евентуално намалување на старосната граница за мобилизација.

Тој додаде дека може да го одобри предлогот за промена на старосната граница на оние кои се предмет на мобилизација од 27 на 25 години „доколку ги има потребните аргументи“.

Зеленски изјави дека „никој не знае“ кога ќе заврши војната со Русија и оцени дека Украина би можела побрзо да победи доколку продолжи да се спротивставува.

Тој додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција.

Зеленски изјави и дека изборите во Украина „не можат да се одржат додека трае војната“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.