Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук по падот на Ф-16.
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, за нов командант наместо Олешчук го назначи генерал-полковник Анатолиј Кривоношко.
Пред ова именување, Кривоношко ја извршуваше функцијата командант на командата на воздухопловните сили „Центар“ на вооружените сили на Украина.
Претходно, еден од ловците Ф-16, кои Киев ги доби на крајот на јули, се урна во понеделникот на 26 август, само неколку недели откако првиот авион од американско производство пристигна во Украина, објави „Волстрит џурнал“.