Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва мора да биде принудена да постигне мир и дека војната се враќа во Русија по обидот да ја однесе во други земји.
Зеленски, исто така рече дека големата украинска офанзива во рускиот регион Курск е прашање што влијае на безбедноста на Украина и дека Киев ги зазел областите од каде што Русија напаѓа.
– Русија мора да биде принудена на мир, нагласи украинскиот лидер.
Зеленски истакна дека од 1 јуни руската армија го нападнала украинскиот регион Суми, кој граничи со регионот Курск, околу 2.100 пати.
– Русија им ја донесе војната на другите, а сега се враќа во нејзиниот дом. Украина отсекогаш сакала само мир, а ние тоа секако ќе го обезбедиме, заклучи украинскиот претседател.