Зеленски остро кон Путин по новиот руски напад: „Тој вистински не сака мир!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва за два воздушни напади во кои загинаа најмалку 11 лица на територијата на Украина и додаде дека рускиот претседател Владимир Путин не сака „вистински мир“.Серијата напади доаѓа по неколкунеделна ескалација по речиси три години војна. Русија ги засили нападите врз енергетската инфраструктура.„Илјадници напади извршени од Русија за време на оваа војна јасно покажуваат дека на Путин не му треба вистински мир”, напиша Зеленски во пораката на Телеграм.Девет лица загинаа денеска во јужниот град Запорожје и две во градот Криви Риг, од каде што е Зеленски.„Само со сила можеме да му се спротивставиме. И само со сила може да се воспостави вистински мир“, додаде Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи: