Зеленски очекува следната недела да биде историска за одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вечерва дека очекува следната недела да биде историска за одбраната на Украина и дека ќе бидат донесени „значајни одлуки“ за време на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во американската воздухопловна база Рамштајн, закажан за 12 октомври.

Сега нашите тимови – на Украина и на Соединетите Американски Држави, како и тимови на други партнери работат на подготовка за Рамштајн, важни одлуки и, воопшто, состаноци и преговори следната недела, а оваа недела може да биде позитивна за нашата одбраната, за нашата визија како да се стави крај на војната, ќе направиме се за ова, ќе го направиме тоа ефикасно, рече Зеленски во видео пораката објавена на Фејсбук.

Претседателот на Украина рече и дека во следните неколку дена ќе има политички консултации меѓу украинските и западните тимови во врска со „исполнувањето на воените точки од Планот за победа“.

Зеленски повтори дека е можно да се гарантира сигурен мир и долгорочна безбедност за Украина исклучиво врз основа на меѓународното право и „без никаква трговија со суверенитет или трговија со територии“.

Тој се заблагодари за уништувањето на руската воена логистика, а особено за нападот на руските воени аеродроми.

Ова е најпотребно. Секоја уништена база на руската армија, секоја уништена база на руски авиони, секое уништено складиште со воздушни бомби ги спасува животите на Украинците, тоа е вистинска поддршка за фронтот. Ќе ги убедиме нашите партнери дека само нашите Беспилотните летала не се доволни, рече Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи: