сабота, 28 ноември 2026
Најново

Зеленски пречекан од канцеларот Мерц во Берлин, со строги безбедносни мерки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Берлин.Тој беше пречекан од германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кого се очекува да се сретне, објавува „Телеграф“.Се очекува двајцата да учествуваат и во телефонски разговор со други европски лидери, пред да им се придружат американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс.Сепак, она што најмногу се издвои по пристигнувањето во германската престолнина беа бројните полициски сили, кои беа посветени на тоа сè да помине непречено.Полицијата била видена на пловила во реката Шпре, додека снајперисти биле позиционирани на покривот на зградата каде што живее германскиот канцелар. 

Поврзани вести