Зеленски: Путин повторно покажа дека се плаши од преговори и сака да ја продолжи војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повторно покажал дека се плаши од преговори и прави се за да ја продолжи војната.

Тој го изјави ова по изјавите на Путин дека е невозможно Зеленски да потпише потенцијален договор за примирје, бидејќи неговиот претседателски мандат истече минатата година, поради што, според рускиот лидер, тој не може ниту да го откаже указот за забрана на преговорите со Русија. „Сега има шанса за вистински мир, но Путин е тој што прави се што е во негова моќ или да ги продолжи убиствата од големи размери или да обезбеди пауза за да дозволи хибридните напади да продолжат додека се подготвуваат за уште една целосна инвазија. “, рече Зеленски на мрежата Х.

Тој оцени дека Путин има „значајни способности да ја наруши глобалната стабилност“, но дека е премногу „оштетен“ за да издржи вистински притисок од силни лидери, пренесува Танјуг.

„Затоа мора да дејствуваме решително и обединето – сите оние кои имаат храброст да веруваат во мирот и да го приближат со сила. Вистинскиот мир е можен, доколку Русија се притисне кон него“, рече Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.