– Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вчера разговараше за безбедносната ситуација во врска со нуклеарната електрана Запорожје, најголема во Европа и меѓу 10-те најголеми во светот, со лидерот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Рафаел Гроси во украинскиот главен град Киев.
„Страните разговараа за моменталната безбедносна ситуација во привремено окупираната нуклеарна електрана Запорожје и ризиците што ги претставува нејзината окупација од страна на трупите“, се вели во соопштението на украинското Претседателство.
- Млад насилник дивеел во Гази Баба, мавтал со нож и тепал роднини и соседи22-годишен жител на скопската населба Гази Баба вчераутро предизвикал вистинска драма… Read more: Млад насилник дивеел во Гази Баба, мавтал со нож и тепал роднини и соседи
- Сиљановска се прекрши во ОН: „Мојата држава, Република Северна Македонија“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пркосно одби да го изговори новото име на… Read more: Сиљановска се прекрши во ОН: „Мојата држава, Република Северна Македонија“
- Свекор нападнал снаа во Кисела ВодаЖителка на скопската општина Кисела Вода вчера пријавила во полиција дека… Read more: Свекор нападнал снаа во Кисела Вода
- Браво, со магариња ќе одиме – Николоски: Целосно пропадна тендерот за пругата кон БугаријаВицепремиерот иминистер за транспорт Александар Николоски во разговор за „360 степени“ изјави дека… Read more: Браво, со магариња ќе одиме – Николоски: Целосно пропадна тендерот за пругата кон Бугарија
- Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот, тврди ФилипчеПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното интервју на „Канал 5“… Read more: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот, тврди Филипче
Зеленски рекол дека единствен начин да се спречи нуклеарна несреќа во постројката е „нејзина потполна демилитаризација, деокупација и повторно воспоставување контрола над постројката од страна на Украина“.
Електраната во Запорожје е под контрола на Русија од март 2022 година, набргу по започнувањето на војната во Украина. Оттогаш постои страв од нуклеарна катастрофа, бидејќи Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирања во близина на електраната.
„Значаен разговор со претседателот Зеленски непосредно пред заминување на првата линија и нуклеарната електрана Запорожје. ИАЕА ја продолжува својата работа на спречување нуклеарна несреќа во Украина. Ви благодарам претседателе Зеленски на вашата поддршка во овие напори“, напиша Гроси на социјалната мрежа Х.
Претходно, во текот на денот, Гроси разговараше и со украинскиот министер за енергетика, Херман Халушченко, како и со Олех Кориков, вршителот на должност шеф на Украинскиот државен инспекторат за нуклеарна регулатива, и со Петро Котин, шефот на Енергоатом, украинскиот национален снабдувач со нуклеарна енергија.
Според ИАЕА, Гроси ќе патува во Запорожје „за да разговара и да ги оцени важните прашања и развој на настаните што се однесуваат на сѐ уште кревката нуклеарна сигурност и безбедносна ситуација на таа локација, вклучувајќи го и намалениот број персонал што работи во оваа голема постројка“.
Гроси по четврти пат ќе ја премине линијата на фронтот за да ја посети нуклеарната електрана Запорожје, чии шест реактори се затворени речиси 18 месеци и не произведуваат електрична енергија, но сѐ уште содржат големи количества нуклеарно гориво кое мора да се чува на безбедно, вклучувајќи соодветно ладење и безбедност, соопштија од ИАЕА.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.