Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти Русија успеала да влијае на луѓето во Белата куќа.
„Верувам дека Русија успеала да влијае на одредени луѓе во Белата куќа преку информации“, рече Зеленски во интервју за „Тајм“, објавено денеска.
Според неговата проценка, Русите им сигнализирале на Американците дека Украина не сака војната да заврши и дека треба да се направи нешто за да се натераат Украинците на тоа, пренесува „Танјуг“.
Зеленски, потсетува Ројтерс, претходно го обвини Трамп дека е „заробен во руски балон на дезинформации“, забелешка што го налути американскиот претседател и неговите сојузници.