Зеленски се сними покрај соборен дрон: „Во последните два дена соборивме 23 од нив!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот објави дека Украина соборила 23 беспилотни летала во изминатите два дена, велејќи дека масовните руски напади врз електрани нема да го скршат духот на Украина.

Зеленски се сними покрај соборен дрон: „Во последните два дена соборивме 23 од нив!“

„Гранатирањето нема да не скрши. Слушањето на химната на непријателот на нашата земја е пострашно од непријателските ракети на нашето небо. Не се плашиме од темнината“, рече Зеленски во видео-обраќањето снимено на отворено, стоејќи во мракот покрај остатоците од соборениот дрон.

Во последните две недели Русија истрела десетици проектили и беспилотни летала кон украинската електрична мрежа, предизвикувајќи големи штети и недостиг на електрична енергија, потсетува Ројтерс.

Киев и четири региони можеби ќе треба да го прекинат снабдувањето со електрична енергија подолго од планираното по руските напади, изјави претходно во четвртокот висок украински функционер.

Зеленски рече дека Русија досега извршила повеќе од осум илјади воздушни напади и истрелала 4.500 проектили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.