Зеленски: Украина е подготвена годинава да почне преговори за членство во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е „целосно подготвена“ да почне преговори за пристапување во Европската Унија.

„Одржав состанок за Европската Унија и нашите интеграции. Треба да ги започнеме преговорите за членство оваа година. Украина е целосно подготвена за тоа. Ние го правиме она што е потребно од наша страна“, рече Зеленски во видео обраќање.
Тој додаде дека Киев, во исто време, прави се што е можно за тоа и Европската Унија да биде целосно подготвена, „точно оваа година“. Зеленски изјави дека разговарал со военото раководство за тоа „каде одиме напред и каде украинските сили се во дефанзива“.

„Во сите области првата задача е да се уништат што е можно повеќе окупатори, нивната опрема, залихи, магацини и штабови. Русија мора да губи секој ден – тоа е фер“, рече украинскиот претседател.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.