Зеленски ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Кина дека и доставува оружје на Русија.

„Имаме информации од Службата за безбедност на Украина (СБУ)“, нагласи Зеленски, додавајќи дека Кинезите им испраќаат барут и артилериска муниција на Русите.

„Мислам дека следната недела ќе можеме да објавиме детали за кинеските претставници вклучени во производството на оружје на територијата на Русија“, истакна тој.

Ова е првпат Зеленски да изјави дека Пекинг ги поддржува воените напори на Русија со испраќање оружје. Киев досега тврдеше дека Иран и Северна Кореја ја снабдуваат Русија со оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи: