„Украина мора да направи сe што може за да обезбеди војната со Русија да заврши следната година преку дипломатски средства“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој оцени дека неговиот руски колега Владимир Путин не е заинтересиран за мировен договор.Зеленски рече дека американскиот закон го спречува да се сретне со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пред неговата инаугурација во јануари и додаде дека ќе разговара само со Трамп лично, а не преку посредници или советници.„Јас, како претседател на Украина, ќе имам сериозен разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави, со сета почит кон кој било од неговите советници или функционери од неговата администрација. Од наша страна, мора да сториме сe за да се стави крај на ова војна следната година преку дипломатски средства“, рече Зеленски.
Пронајдете не на следниве мрежи: