Кардиналот Пјербатиста Пицабала, пратеник на папата Франциско во Светата земја, кажа дека е подготвен да му се предаде на Хамас во замена за киднапираните израелски деца кои ги држат како заложници палестинската екстремистичка организација во Појасот Газа.
- Јованка Тренчевска избрана за претседателка на Клубот на пратенички
- Македонија со значително подобрување на економскиот сентимент во 2024 година
- ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците
- Одбележување на 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на Армијата
- Храната од 2021 година досега поскапела 46,7% – „Finance Think”: Ограничувањето на цените на храната не дава резултати
- Европскиот фронт и ВЛЕН ја бранат Илире Даути – Џафери: „Дама си, а си посилна од сите мажи овде“
- За бразилската пејачка Анита нема зима: Се соблече во долна облека и позираше на снегот
- Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензија
- Обвинителен акт за 14 царински и полициски службеници за примање на поткуп и злоупотреба на службената положба
Медиумската агенција Reuters пренесува дека Пјербатиста Пицабала, кој ја носи титулата латински патријарх на Ерусалим, го изјавил ова за време на видео конференција со новинари во Италија.
„Подготвен сум за размена, ако може да доведе до ослободување, децата да се вратат дома. Нема проблем. Од моја страна има целосна волја“, рекол кардиналот.
Тој порачал дека тој и неговиот кабинет се уште немаат директен контакт со Хамас.
„Не можете да разговарате со Хамас. Многу е тешко“, рекол папскиот пратеник.
Израелската Армија денеска соопшти дека Хамас заробил 199 лица за време на нападот во јужен Израел на 7. октомври.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.