Земјата ќе се најде на удар на силна соларна бура

Планетата Земја во текот на денешниот ден ќе се најде на удар на густа и моќна соларна бура, соопшти американската Национална агенција за океаните и атмосферата (НОАА).-Поради неочекувано коронално исфрлање на маса од страна на Сонцето, можно е да се очекува и умерена геомагнетна бура, се наведува во соопштението на НОАА.


Според американскиот метеоролог Тамити Сноу, во текот на ударот на бурата можни се пречки во работата
на ГПС уредите и потешкотии при користењето на радио станици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.