четврток, 12 ноември 2026
Најново

Земјотресот во Грција оштети пристаниште и манастир од 15 век

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Земјотресот што утрово ја погоди јужна Грција беше со јачина од 6,8 степени. Засега нема информации за евентуални жртви, но како што пренесуваат грчките медиуми, од силните потреси на грчкиот остров Закинтос, оштетени се пристаниште и манастир од 15 век.
Портпаролот на грчката служба за цивилна заштита, изјавил дека три лица биле пренесени во болница, од кои две биле со полесни повреди, пренесе “Ројтерс“.
Потресот беше почувствуван во Македонија, Албанија и Италија.
Епицентарот е регистриран во Јонското Море, околу 130 километри југозападно од Петраса на Пелопонез, на длабочина од 14 километри.

Поврзани вести