Последниот во низа земјотреси во мавровскиот регион во 15:25 предизвикал штети во одделни куќи во Галичник. Во објава на Месната заедница Галичник на Фејсбук споделени се фотографии од штетите на куќтите по земјотресот.
– Ве информираме дека од земјотресот во 15.25 часот има настанато штета во одделни куќи во Галичник. Би било пожелно сопствениците на куќите да ја проверат состојбата на истите и доколку има настанато штета, штетата да се пријави на надлежните институции, стои во објавата на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи: