Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер го погоди регионот на Средоземното Море во близина на островот Родос. Потресот се случил неколку минути по полноќ, пренесува агенцијата „АНА“.
Според соопштението на Атинската национална опсерваторија, епицентарот бил 47 километри источно од Родос на длабочина од 10 километри.
Нема информации за евентуални повредени лица и причинета материјална штета.