Земјотрес во Истанбул: 151 лице е повредено откако скокнале од височина поради паника

Големиот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Истанбул во средата попладне и интензивните последователни потреси предизвикаа загриженост во Турција.

Во овој контекст, гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, отиде во седиштето на Управата за управување со вонредни состојби и катастрофи (АФАД) за да се информира за текот на истрагата.

Истовремено, во соопштението издадено од Канцеларијата на Ѓул, беше објавено дека 151 лице се повредени кога за време на големиот земјотрес, во паника скокнале од височина.

„До 15:30 часот нема негативни движења поради земјотресот од 6,2 Рихтер кој би влијаел врз животот на граѓаните, снабдувањето со енергија и инфраструктурата, снабдувањето со природен гас, снабдувањето со вода за пиење и канализационата инфраструктура. Нема загуби во човечки животи“, се вели во релевантното соопштение и се додава:

„Во болниците продолжува лекувањето на 151 граѓанин кои се повредени при скок од височина поради паника и тие не се во животна опасност. Нема штети на станбени објекти во градот. Напуштена зграда се урна во областа Фатих и во инцидентот нема загинати или повредени. Работата на надлежните единици на терен продолжува“.

Луѓето попладнево во паника почнаа да трчаат по улиците, додека кратко време по земјотресот стигна предупредување од властите да останат на отворено, бидејќи земјата продолжи да се тресе.

Пронајдете не на следниве мрежи: