Земјотрес во Маврово

Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала почувствуван е во 14.46 часот во мавровскиот регион, 20 километри југозападно од Гостивар. Земјотресот бил на длабочина од два километри. Утрово во 4.44 часот беше почувствуван уште еден послаб земјотрес во Маврово.
Во западниот дел на Македонија на 7 километри од Кичево претпладнево во 11.24 часот регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 3.0 степени по Рихтер на длабочина од 2 километри.
Од 27 јануари во мавровскиот регион регистрирани се десетици земјотреси од кои најсилниот беше од 3,6 степени. Епицентрите на сите земјотреси беа околу езерото, со длабочина од еден до два километри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.